Што би одговорил Бил Гејтс на интервју за работа

Loading...

Бил Гејтс е милијардер и технолошка икона, така што тешко дека на вториот најбогат човек во светот наскоро ќе му треба интервју за работа.
Сепак, благодарение на ѕвездата на НБА, Стеф Кари, можеме да откриеме како Гејтс би одговорил на неколку основни прашања на интервју за работа, вклучувајќи опишување на неговите јаки и слаби страни, како и одговор на едно од најпредизвикувачките – каква плата очекува, пренесува „Си-Ен-Би-Си“ (CNBC).
Кари го објави интервјуто на Јутјуб како прв дел од неговата нова видео серија, наречена “State of Inspiration”.
„Не знам кога последен пат сте биле интервјуирани за работа“, му вели Кари на Гејтс, истакнувајќи дека „многу деца, вклучувајќи ги и оние кои неодамна завршиле колеџ, се обидуваат да влезат на пазарот на трудот, што Кари го опишува како „екстремно несигурeн“ поради рецесијата што го погоди светот зафатен од пандемијата со корона вирусот.

loading...