Што да им правите на старите патики? Претворете ги во саксии за цвеќиња!

Некој ги сака керамичките саксии, а некои глинени саксии, додека некои се задоволуваат и со најефтините пластични саксии за одгледување на цвеќе. За јапонскиот уметник Косуке Сугумота идеално место за садење растенија, ниту помалку, ниту повеќе се старите патики Nike.
И додека другите страствени љубители на овој бренд на спортска облека тешко дека ќе се откажат од своите стари патики, па понекогаш ги чуваат со години откако ќе престанат да ги носат, Косуке одлучи да им пронајде некоја алтернативна употреба.
Инспириран со украсното зеленило кое го забележувал на зградите, кои природата практично ги зела под свое водство, тој одлучи да го проба истиот ефект на патики.
Па, тој направил своевидно пошумување на ретките модели на патики како што се Nike Air Max Uptempo 1995 и Air Max Classic 1996, од кои со многу труд и креативност направил совршени саксии за цвеќиња и растенија кои можете да ги одгледувате дома.