Што да јадете ако сте наполниле 40 години?

ХРАНА БОГАТА СО ВЛАКНА
– чија семките, леќата, ленот, црвениот грав, артичоките.
ПРОБИОТИЦИ И ПРЕБИОТИЦИ
– габата комбуха, јогуртот и киселата зелка се важни поради синдромот на иритабилното црево кое е поврзано со стресот и промената во хормоните во тие години, а тие производи, освен тоа, го поттикнуваат ширењето на добрите бактерии во организмот.
ЗДРАВИ МАСТИ КАКО ОМЕГА-3
– јаткастите плодови (бадеми, лешници, ореви), авокадото, маслиновото масло кое ја штити кожата.
Правила за забавување на стареењето:


1. Јадете во изобилство мрсна риба, особено лосос, како и други производи кои се извор на протеини, како јајцата и месото од живина. Протеините се потребни за обнова и забавување на стареењето на клетките на кожата, додека омега-3 масните киселини ја одржуваат адекватната влажност на кожата и ги ублажуваат воспалителните процеси.
2. Почесто јадете свежо темно зрнесто овошје, особено боровинки. Тоа содржи антиоксиданти кои помагаат при детоксикацијата и спречувањето на предвременето стареењето.
3. Консумирајте диња, јаболки и круши. Ова овошје има ниска вредност на гликемискиот индекс. Лубеницата, бананите и мангото се овошја со повисока вредност на гликемискиот индекс, па треба да ги консумирате умерено.
4. Предност треба да им дадете на јаткастите плодови, особено на лешниците и бадемите, бидејќи изобилуваат со витаминот Е и линолната киселина, што помага во борбата против стареењето.
5. За појадок се препорачува да јадете свежо подготвена овесна каша или овесни снегулки кои ќе помогнат во одржувањето на стабилното ниво на шеќерот во крвта.

6. Пијте осум до 10 чаши вода дневно. Дури и благата дехидратација може да направи кожата да изгледа постаро.

Loading...