Што да јадете кога се чувствувате депресивни?

Loading...

Депресијата често предизвикува да се впуштите на козумирање на лекови кои ги намалуваат нејзините несакани симптоми. Сепак, нема потреба да клукате апчиња, туку да почнете да конзумирате  храна која го подобрува расположението.
Постојат намирници кои ја ублажуваат депресијата и го подобруваат расположението. Иако повеќето луѓе се одлучуваат за различни лекови, тие не се најдобро решение. За да го зачувате здравјето, но и да ги ослободите негативните чувства, конзумирајте намирници, кои ќе принудуваат насмевка на вашето лице. Ова се некои од нив:
Овошје
Портокал и папаја се богати со витамин Б6 и фолна киселина, која докажано недостасува кај луѓето кои страдаат од депресија. Исто така, ова овошје со својот мирис ги буди сетилата, од кои автоматски се чувствувате подобро.
Риба
Рибиното масло е богато со масни киселини, кои се од суштинско значење за функцијата на мозокот и кардиоваскуларното здравје. Иако постои врска меѓу депресијата и ниското ниво на омега-3 масни киселини, научниците се обидуваат да докажат дека е сосема спротивно. Некои студии покажале дека омега-3 масни киселини брзо го подигнуваат расположението и имаат позитивен ефект врз симптомите на депресија. Значи, во исхраната вклучете што поголем број диви лосос, скуша и други сини риби.
Чоколадо
Повеќето луѓе веќе се убедени дека чоколадата го подобрува расположението. Истражувањата покажаа дека чоколадата содржи хемикалии кои можат да имаат сличен ефект врз мозокот како марихуана. Некои можеби мислат дека чоколадото потекнува од серотонин, некои веруваат дека постојат хемикалии кои го стимулираат ослободувањето на допамин, додека други велат дека тоа е едноставно исполнување на сопствените желби и задоволства. Што и да е, чоколадата всушност функионира против депресија.
Кантарион
Кантарионот е билка, кој се користи со векови како лек за сите. Науката неодамна дојде да сознание дека кантарионот навистина има позитивен ефект врз симптомите на депресија. Меѓутоа, кантарионот треба да го третирате со претпазливост, затоа што тоа може да предизвика сериозни несакани ефекти, особено ако го земете заедно со други лекови, или во голема мера е изложен на сончева светлина. Во секој случај, важно е да се консултирате со лекар.
Јаглехидрати
Постојат тврдења дека јаглехидратите му помагаат на мозокот да произведува повеќе серотонин, кој е одговорен за расположението. Истражувањата покажаа дека прости јагленохидрати веднаш ве подигнуваат, посебно по 20-ина минути, но тоа расположение е со многу краток здив. Сепак, постојат здрави јаглехидрати, како што се зрнца, кои долго време го одржуваат доброто расположение. Она што треба да се има предвид е да не претерувајте со нездрави јаглехидрати.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Депресијата често предизвикува да се впуштите на козумирање на лекови кои ги намалуваат нејзините несакани симптоми. С

loading...