Што е поштетно, долгото седење на работа или дома?

Loading...

Истражување на американски научници покажа дека сите облици на седење немаат подеднакво штетен ефект на здравјето на срцето.
Тие забележале разлика меѓу седењето во работна средина, односно додека сме на работа и вршиме канцелариска работа или додека седиме пред компјутер додека сме дома, пишува Medical News Today.
Познато е дека седечкиот живот лошо влијае на здравјето, особено на здравјето на срцето и крвните садови. И самите научници се изненадени од откритието за тоа дека времето кое некој го минува седејќи на кревет дома и гледајќи телевизија се поврзува со поголем ризик од развој на срцеви заболувања за разлика од седењето во канцеларија.
„Нашите резултати упатуваат на тоа дека начинот на кој го минувате времето надвор од работа е важен за циркулацијата“, појаснува главниот автор на студијата д-р Кит Дијас од Универзитетот Колумбија.


Научниците анализирале податоци собрани во периодот од осум и пол години од 3.592 учесници во истражувањето. Податоците вклучувале информации за тоа колку време учесниците минуваат седејќи на работа и колку време минуваат гледајќи телевизија во однос на вежбањето во слободно време.
Дијас и колегите заклучиле дека кај сите оние кои одговориле дека секојдневно пред телевизор минуваат четири или повеќе часа, ризикот од развој на кардиоваскуларни проблеми и прерана смрт бил поголем за 50 проценти во споредба со оние кои пред телевизор седеле два или помалку часа.
Ни на научниците во целост не им е јасно зошто седечкиот живот во слободното време е потенцијално поштетно од седењето во работна атмосфера, но веруваат дека одговорот е во непрекинатото седење.

loading...