Што значи буквата i во зборот iPhone?

Во 1998 година Стив Џобс го претстави iMac, првиот уред на Apple воопшто, со сега универзално популарниот префикс i.

Малата буква i пред повеќето производи на Apple стана толку препознатлива што сега речиси никој веќе не обрнува внимание на неа, а уште помалку луѓе знаат што всушност значи.

Дали некогаш сте се запрашале што навистина значи префиксот i?
Обично луѓето претпоставуваат дека тоа значи inteligent или irreplaceable (интелигентен или незаменлив), а некои дури помислиле дека i значи „мој телефон“ (i – ај, како „јас“), но тоа не е така.

Идејата на Џобс беше едноставна – i го означува она за што повеќето луѓе ќе користат персонален компјутер, а тоа е интернетот.
Тоа објаснување сепак не беше завршено, па Џобс подоцна откри што друго значи i, а всушност не е само еден збор, туку дури пет од нив, кои го симболизираат целиот идентитет на неговата компанија.

читајте пулс24

Имено, тој рече дека буквата i ги означува зборовите: „индивидуалност, инструкции, информации и инспирација“. Тој исто така мистериозно рече дека всушност „нема официјално значење“, алудирајќи на тоа потенцијално да значи „лична заменка“ и „упатство“ за образовни цели.
Компанијата набрзо почна да го користи тоа познато i во речиси секој производ, од софтверот iTools до хардверите, вклучувајќи го и iPod, и на крајот го добивме iPhone.

Денес, добро познатиот префикс е заштитен знак на Apple, иако постепено се укинува со најновите производи, како што се Apple TV и Apple Watch.
Во секој случај, тешко дека некој во блиска иднина ќе го поврзе малото i пред името на производот со нешто друго освен производите на Apple.

Пронајдете не на следниве мрежи: