Што кога животот бара премногу од вас?

Како што старееме, животот нè учи за нештата што не сме ги разбирале кога сме биле помлади. Нешта на кои не сме им придавале големо значење. Како што созреваме, учиме повеќе за животот и се бориме за нашите верувања, сфаќаме дека не секогаш е важна комплексноста на животот. Понекогаш треба да уживаме и во едноставните нешта кои нечујно нè опкружуваат.
Живеењето на овој живот може да биде заморно, па во ред е да одморите наредните неколку часа. Во ред е да уживате во удобноста на креветот бидејќи сте имале напорна работна недела. Ослободувањето на умот од сите мисли ќе ви помогне да се ослободите и од тежината. Само затворете ги очите. Дозволете им на мислите да лутаат. Одвреме-навреме и вие заслужувате пауза од животот.


Животот не е лесен, па научете да се одморате кога на вашата душа ѝ е потребно тоа. Важно е да прифатите дека можете да направите само толку. Можете да го дадете најдоброто од себе, но ако тоа не е доволно, единственото нешто што можете да го направите е да го прифатите тоа. Премногу се заморувате борејќи се за она што не сакате да го пуштите. Секогаш сакате одговори, секогаш сакате да знаете сè, но јасно ви е дека овие нешта не се лесни. Па, научете да одморите, да направите пауза и да уживате во моментот. Вие сте само човек и вашите способности се ограничени.
Животот е скап, па научете да инвестирате во себе. Одете и купете го парот чевли што го мислите цела година. Излезете и пробајте ја храната што ја гледате одамна. Изгледајте го омилениот филм, па макар ако треба и сами. Патувајте и истражете го светот и почувствувајте како е да се биде на сосема непознато место.
Животот го троши вашето време, па научете да живеете во моментот. Понекогаш сте толку преплавени со стравови и прашања што заборавате да бидете мирни. На крајот не постигнувате ништо, а можете и да полудите. Толку многу сте зафатени што понекогаш навистина заборавате да живеете.
Запомнете, животот може да бара многу од вас. Ќе ве натера да правите повеќе, да гледате повеќе и да слушате и чувствувате повеќе. Животот може навистина да ве измори, но сепак треба да живеете. Не заборавајте да се цените себеси.