Што кога некој ќе ве одбие?

Истражувањата покажуваат дека нашиот мозок на одбивање реагира исто како на шлаканица или на удар во стомакот, така што произведува супстанци кои ќе го ублажат „ударот“.
Според брачниот терапевт Рејчел Рајт, скршеното срце е реалност, не е само метафора. Нашиот мозок буквално го доживува одбивањето како физичка болка.
Чувството кога некој ќе ве одбие е ужасно, затоа еве неколку совети како полесно да го преживеете тоа.
1. Не се обвинувајте себеси
Кога некој ќе ве одбие не мора да значи дека е нешто до вас. За да го преболите одбивањето, психолозите советуваат да се држите до техника, која во овој случај, ја префрла вината на други. Со други зборови, кажете си себеси дека другиот не бил подготвен за врска или дека не му се допаднала вашата смисла за хумор.
Психологот Тери Орбах од Универзитетот во Мичиген советува:
„Ако се обвинувате себеси тоа лошо влијае на самодовербата и на расположението, а тоа не е добро. Во околу 90 проценти од случаите тоа нема врска со вас, туку со него. Ако мислите на тој начин, не е до мене, полесно ќе се носите со тоа“, додава таа.
Истражувањата покажале дека кога луѓето проектираат одбивања на себе, односно ги обвинуваат другите поради тоа, има долготрајно влијание.

2. Не сте единствени
Одбивањето секогаш постои, но се чини како апликациите за забавување дополнително да допринесоа на тоа, односно денес има сè повеќе одбивање.
„Луѓето го имаат тоа чувство дека секогаш можат повеќе и подобро, а поради апликациите и сајтовите за запознавање имаат чувство дека на располагање им стојат многу потенцијални партнери. Кога ќе поразговарате со пријателите за тоа, ќе сфатите дека не сте единствени“, смета Орбах.
3. Вежбајте
Можеби ви изгледа дека овој совет не е соодветен, но при вежбање се ослободува ендорфин кој брзо ќе ви го поправи расположението.
„Истражувањата покажуваат дека вежбањето го поправа расположението, но и прави да се чувствувате помоќно, да ја земете контролата во свои раце, а токму тоа ви треба кога некој ќе ве одбие“, советува брачниот терапевт Рејчел Рајт.