Што мажите навистина сакаат кај жените?

Loading...

Најдобрите информации се оние од прва рака, па така ние за вас им го поставивме ова прашање на момците од нашето друштво …
 
1. Ми треба девојка која верува во мене и на која јас ќе и верувам. Тоа е знак дека нашите односи се движат во вистинската насока, бидејќи не ми се допаѓа љубомора. – Мики (23)
2. Сакам девојка која ќе биде со мене и тогаш кога не се чувствувам ОК. Кога не ми е денот, таа треба да ми пружи поддршка. – Петар (27)
3. Сакам паметни девојчиња. Ми се допаѓа кога ќе видам дека таа се надградува во интелектуална смисла, а со тоа ќе можеме да зборуваме за теми интересни за двајцата. – Влатко (24)
4. Сакам девојка која е опуштена и прави добра атмосфера за луѓето околу неа, без разлика дали тие се мои пријатели или нејзини. – Павел (19)
5. Готвачките се девојки на кои јас паѓам. Ако ме изненадат и ми спремат убав оброк, тие секогаш ќе имаат најголеми шанси кај мене. – Војдан (28)
6. Не ми се допаѓаат девојки со кои секогаш треба да “играм игри”. Јас сум искрен дечко и тоа најмногу го ценам. Чесност и лојалност на прво место. – Никола (27)
7. Девојка која има убави манири е вистинска дама. Бидејќи јас се сметам за господин, посакувам мојата девојка да биде вистинска дама, која знае како да се однесува во соодветни околности. – Филип (24)
8. Девојки кои знаат да ме насмевнат. А смислата за хумор е нешто што се помалку луѓе го имаат, но јас сакам да се шегувам, па тоа е она што ми е најважно кај неа. – Димитар (20)
9. Сакам девојки кои се спортистки или практикуваат некаков тип на рекреација. Сакам да гледам дека тие се грижат за нивниот изглед и работат на тоа. Плус, јас сум спортист, па би било убаво да тренираме заедно. – Ненад (22)
10 Она што ме привлекува мене кај девојките е нивната амбиција за градење на кариера. Девојката што се занимава со себе, и е високо мотивирана да успее, е мојот тип на девојка. Мислам дека би можеле совршено да функционирме. – Мартин (25)
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Најдобрите информации се оние од прва рака, па така ние за вас им го поставивме ова прашање на момците од нашето друшт

loading...