Што мажот сака од жената?

Loading...

Сакам да ме слушаш, а не да ми судиш. Сакам да го искажеш своето мислење, а не да ми даваш совети, иако не барам.
Сакам да имаш доверба во мене, а ништо да не бараш. Сакам да ми бидеш поддршка, а да не се обидуваш и да не одлучуваш наместо мене. Сакам да се грижиш за мене, но да не се однесуваш кон мене како мајка кон син.


Сакам едноставно да ме набљудуваш, не обидувајќи се нешто да добиеш. Сакам да ме гушкаш, а не да ме гушиш. Сакам да ме инспирираш, а не да ме лажеш.
Сакам да ме подржуваш во разговорот, а не да одговараш наместо мене. Сакам да ми бидеш блиску, а да ми оставиш личен простор. Сакам да ги знаеш моите лоши особини, а да се концентрираш на моите најдобри квалитети и да си сигурна дека се’ е сега добро.
Сакам да знаеш дека можеш да сметаш на мене. Без ограничувања.

loading...