Во последниве неколку години многу се пишува и зборува за штетното влијание на шеќерот врз здравјето. Сега човекот внесува повеќе шеќер од кога било порано. Иако некогаш сметавме дека маснотиите се најголемиот непријател на човековото здравје, шеќерот може да ги замени маснотиите, доколку веќе не ги заменил.
За среќа, штетата предизвиката од консумацијата на шеќер може лесно да биде спречена, па дури и вратена. Повеќето диети даваат резултати по месеци, но намалувањето на консумацијата на шеќер може да покаже резултати речиси веднаш.
Ново истражување спроведено на деца покажува дека се забележуваат подобрувања во здравјето по само десет дена од престанувањето со консумацијата на шеќер. На истражувањето работеле д-р Роберт Лустиг и неговиот тим истражувачи од Универзитетот во Калифорнија.
Научниците успеале да ги намалат нивоата на триглицериди до 33 единици во просек, а нивото на штетен холестерол се намалил за 5 единици. За само десет дена, сите деца кои учествувале во истражувањето драстично си го намалиле ризикот од добивање дијабетес од тип 2.
Важно е да се знае дека сите калории не се исто. 100 калории шеќер не се исти како и 100 калории спанаќ. За жал, ова не е она што некои компании сакаат да го знаете, па трошат милиони долари рекламирајќи производи кои имаал малку калории, но имаат многу шеќер и прават да мислиме дека тоа е здраво. Всушност, броењето калории не е најважно. Треба да се фокусираме на состојките во нашата храна. Шеќерот, сам по себе, не содржи маснотии, но се чува како маснотија во нашето тело.
Фондацијата „Heart and stroke“ препорачува внесување најмногу 10% шеќер во дневното количество калории, односно околу 12 грама. Тоа е приближно една лименка газиран сок. Впрочем, не ни требаат додадени шеќери во исхраната бидејќи немаат нутрициска вредност. Природните шеќери се единствените кои ни требаат. Сепак, додадените шеќери доаѓаат во секакви облици – сирупи, сокови, слатки и бонбони, меѓу останатото.
Како да се откажете од шеќерите?
Можеби веќе сфативте, но шеќерот е заразен. Дали некогаш сте се обиделе да живеете без него? Тогаш знаете колку е тешко. Некои истражувања покажале дека може да се биде зависен од шеќер како од некои дроги. За да се откажете, мора да бидете силни и да издржите.
Најтешко е на почетокот, па обидете се да издржите без консумација на шеќер во период од десет дена, за почеток. Одбегнувајте сокови, кафиња и други напитоци кои имаат скриени шеќери. За да го регулирате нивото на шеќер во крвта внесувајте протеини во секој оброк, особено наутро за појадок. Освен протеини, потребни ви се и јаглехидрати, кои може да се најдат во многу зеленчуци.
Секогаш бидете подготвени за криза, односно имајте производ кој е вкусен, но не содржи додадени шеќери кога чувствувате дека навистина мора да направите пауза.
Конечно, недостатокот на сон може да влијае на вашите хормони за апетит. Затоа, секогаш спијте најмалку 8 часа во текот на денот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.