Што НЕ треба да правите кога температурите ќе надминат 30 степени?

Loading...

Со летото дојдоа и првите неочекувано високи температури, па добро е да знаете што не треба да правите во деновите кога е премногу топло.
Колку и да се радуваме на летото, мора да се прилагодиме на новото, топло секојдневие, кога температурите ќе се искачат над 30 степени.
Ова се 7 работи кои треба да престанете да ги правите штом затопли, за полесно да ја поднесете жештината:
1. Туширање со ладна вода
Ладната вода му сигнализира на телото дека е ладно и тогаш почнува да произведува топлина. За да не постигнете спротивен ефект од посакуваниот, истуширајте се со млака, наместо ладна вода.
2. Консумирање тешка храна
Иако сакаме тестенини со сосови, хамбургери и компирчиња, кога температурите ќе се искачат над 30 степени, нарачајте си салата, ладна супа или нешто трето од зеленчуково или овошно потекло. Варењето на тешката храна произведува дополнителна топлина.


3. Пиење алкохол
Кога телото се бори со топло, алкохол е последната работа која му треба, бидејќи ги шири крвните садови. Добра алтернатива е разладениот чај.
4. Спортување на попладневно сонце
Најпаметно е да спортувате наутро, бидејќи спортувањето на високи температури непотребно ќе ви го истошти телото.
5. Замрзната храна и пијалаци
Сладоледот звучи супер, но може да предизвика главоболки и мачнини предизвикани од драстичниот температурен шок кој му го правите на телото.
6. Проветрување во текот на денот
Да проветрувате треба само наутро и доцна навечер, а во текот на денот сите прозори и врати треба да се затворени.
7. Полнење на автомобилот до максимум
Бензинот се шири на топлина за околу 2%, па резервоарот никогаш не би требало да го полните до крај кога температурите се високи.

loading...
Loading...