Што ново подготвуваат од Apple?

Loading...

Американската компанија Apple работи на нов модел на смартфон кој ќе биде поинаков од останатите. Станува збор за модел на преклоп кој ќе има флексибилен екран.
Компанијата Apple е позната по тоа што не изнесува информации за новите производи пред да ги пласира на пазарот, но овој пат направија отстапка.
Два прототипa на iPhone смартфони на преклоп успешно ги поминаа интерните тестирања во фабриката во Кина, пишува The Economic Daily Times.
Според информациите кои досега излегоа во јавноста, новиот модел на Apple би требало да наликува на Samsung Galaxy Fold – ќе има помал преден екран, камери сместени на задната страна на уредот и голем флексибилен екран кој се добива откако ќе се отвори уредот, објави Avaz.

loading...