Што откриваат неговите допири?

Loading...

Знаете дека делата откриваат многу повеќе одколку зборовите…
На самиот почеток на врската, тој сигурно нема да биде доволно отворен и да ви каже дека веќе е луд за вас, но неговото однесување може да биде добар показател за тоа како тој се чувствува.
 Ве држи за рака
Ако дечкото е заинтересиран, тој понекогаш ќе ве допре на врвот на раката, гледајќи како ќе реагирате на неговиот допир … на тој начин се обидува да процени дали и вие сте “загреани” за него како што е тој за вас.
Ве води низ толпата од луѓе
Може да забележите дека вашиот нов дечко ја става раката на вашиот долен дел од грбот, кога ќе преминувате прометна улица и ве фаќа за рака со цел да направи простор за вас низ преполниот кафич. На тој начин, всушност, покажува дека се грижи за вас, со оглед на фактот дека мажите се научени да изразат наклонетост на позаштитнички начин.
Седи во ваша близина
На првите неколку состаноци, повеќето момци ќе седнат од другата страна на масата, спроти вас. Но, кога се зближите малку повеќе, тој ќе седне до вас, бидејќи така ќе се чувствува поблизок до вас и ќе им пренесе порака на останатите момци дека не треба да ви приоѓаат.
Ве допира
Момчето што ве допира или притиснув, може да испрати порака дека го привлекувате. Ако е премногу рано за да ги вербализира неговие чувства кон вас, тоа го манифестира на овој начин.Знаете дека делата откриваат многу повеќе одколку зборовите…
На самиот почеток

loading...