Што по раскинувањето: Знаци дека сте спремни за нова врска

Loading...

Никогаш не е лесно да се премине преку раскинување, особено во случај кога вие сте оставен од партнерот. Ако се уште го лекувате повреденото срце, идејата за запознавање некој нов и нова љубовна авантура може да биде привлечна.
Но, пред да го направите тоа мора да се уверите дека сте сосема спремни за нова љубов. Кои знаци покажуваат дека сте подготвени за нова љубовна врска.
1. Сте ги залечиле раните
По секое раскинување важно е да си дадете време и простор да ги залечите раните. Иако некои луѓе повторно не би минувале низ сето она што им се случило во минатата врска, сепак е потребен мал дел од внатрешната рефлексија. Само така може да си дадете шанса да го преболите бившиот. Во спротивно ќе завршите со некој кој сигурно ќе ви го скрши срцето.
2. Свесни сте што било погрешно во претходната врска
Без разлика колку долго сте биле заедно со бившиот, важно е по крајот да одвоите време за да го процесуирате тоа што се случило. Од секоја врска може многу да се научи, како за вас самите така и за луѓето со кои бирате да бидете во врска.
Кога ќе изведете заклучок за тоа што тргнало наопаку во вашата претходна врска ќе знаете како да не ја повторувате истата грешки, но и на кој начин да ги препознаете сигналите дека нешто не е во ред.
3. Сосем ви е океј кога сте сами
Важен знак кој може да открие дека сте подготвени за нова врска е тоа да се чувствувате добро во сопствената кожа кога сте сами. Ако самотијата ви смета, се покренуваат тешки прашања.
Ќе се чувствувате отфрлено, несакано, несреќно, безволно, што е знак дека мора да работите на себе пред да влезете во нова врска. Најздрави се оние врски во кои секој партнер е независна личност, свесна за себе и своите квалитети.

loading...
Loading...