Што се случува кога родителите се повеќе поврзани со децата отколку со партнерот?

Loading...

Човекот е еден од најнапредните видови на оваа планета, но тоа не значи дека луѓето секогаш ги разбираат меѓучовечките односи.
Менторката за брак Сузи Сиперт неодамна стана хит на интернет со објаснувањето колку можат да станат проблематични врските кога ќе основате семејство, во зависност од тоа колку родителите се блиски со децата.


Во сега виралното видео, Сиперт зборува за феномен во кој едниот родител може да го мрази детето бидејќи е премногу блиско со другиот родител. Во основа, во здраво семејство, родителите би имале поблизок емоционален однос еден со друг, отколку со нивните деца. Ова, се разбира, не значи дека детето не е сакано – само што родителите споделуваат поинтимна врска еден со друг, отколку со детето.
Но, доста често ситуацијата е сосема поинаква.
„Многу почеста отколку што луѓето сакаат да признаат. Имаме дури и термини што понекогаш се користат за тоа – син на мајка или татина ќерка”, објаснува таа.


Тогаш може да се случи еден од родителите да развие поблизок емоционален однос со детето отколку со сопружникот. Како резултат на тоа, детето почнува да ги задоволува емоционалните потреби на родителите и неизбежно почнува да го носи товарот, додека брачниот другар почнува да развива презир кон детето. Ова на крајот се сведува на огромен притисок врз детето. Родителите несвесно не дозволуваат детето да биде дете и да ужива во детството, а освен тоа што емоционално оптеретено од родителските емоции, тоа му прави и многу штета.

@suzysypert#stitch with @itsjuliannajennings where do the #milfromhell come from? It could be that Family of Origin Triangulation #friendsreunion2021

♬ original sound – Suzy Sypert


И тоа не е сè. Сиперт објасни дека ова може да влијае на браковите и способноста на луѓето да се однесуваат правилно кон брачниот другар, а исто така може да влијае на сексуалноста на луѓето и да им ги отежнува врските.

loading...
Loading...