Што се случува кога сте целосно отворени со некој што го љубите?

Љубовта е нешто најубаво што може да ни се случи. Меѓутоа, ако не е целосно искрена и ако ние не сме целосно отворени кон личноста што ја сакаме тогаш постапуваме неправилно. Отвореноста е клучна за успешна комуникација и здрава врска. Доколку сакате да имате убав однос со вашиот партнер, најмалку што можете да направите за него е да бидете искрени и транспарентни во вашиот однос!
Не треба да криете нешта од него во обид да го заштитите
Не би требало да го лажете дека сте одлично и да кажувате лаги од типот дека во вашиот свет сè е супер во обид да го држите подалеку од лошите работи што се случиле.
Треба двајцата да се однесувате како тим
Меѓусебно треба да си кажувате сè и не смеете да ги криете проблемите од страв да не претставувате товар. Вашиот партнер сака да ви биде поддршка и сака да знае низ што поминувате. Не сака да биде оставен настрана и сака да знаете дека не сте сами и дека тој секогаш ќе биде покрај вас.
Му ги кажувате вашите силни и слаби страни


Му се доверувате за вашите успеси и порази. Зборувате со него за убавите работи што ви се случиле во текот на денот, како и за лошите. Вашиот партнер не сака да страдате во тишина и не сака да погодува што се случува внатре во вашиот ум бидејќи вие одбивате да споделите што ве вознемирува. Не сака да се чувствува дека е изолиран, како да не му верувате доволно за да му се отворите.


Поминувате низ најлошите моменти заедно
Ова е составен дел од врската. Уживате во убавите моменти и си помагате во тешките денови. Тука сте еден за друг и во добро и во лошо. Бидете искрени со него дури и ако тоа ви е тешко или прави да се чувствувате лошо, па дури и слабо. Никогаш не глумете дека не ви е потребна помош од никого. Не се обидувајте сами да го носите товарот бидејќи тогаш само ќе ги влошите работите и ќе ја уништите врската додека се развива.
Не сакате вашиот партнер да се чувствува како да направил нешто погрешно, како да не му верувате, и многу лесно да го одбиете од себе наместо да бидете автентични со него. Не би смеело да се почувствува како аутсајдер, како да не е важен дел од вашиот свет, како вашите проблеми да не се негова работа. Не се трудете да го заштитите од глупостите низ кои поминувате, а вие да завршите повредени.
Му кажувате буквално сè, затоа што знаете дека ќе биде загрижен ако нешто премолчите
Не заобиколувајте да одговорите на прашања ако знаете дека нема да ги сака одговорите. Не ги кријте информациите од него користејќи фрази како: „Јас не лажам“.
Не кријте ништо од него и признајте кога нешто ве загрижува. Така заедно ќе ги пребродите тешките моменти, ќе бидете посилни и ќе ја градите врската врз цврст темел!

Loading...