Што се случува одкако ќе помине фазата на заљубеност?

Loading...

Се зависи од тоа колку далеку сте стигнале додека љубовта траела!
Психолозите често љубовта ја дефинираат како “фалсификување на реалноста.” Во превод, тоа е онаа добро позната ситуација: се што ни се допаѓа кај партнерот, го воздигнуваме до небо, а она што не го сакаме,не го ни забележуваме, го отпишуваме или го оправдуваме.
Сепак, ова никако не е лоша работа – тоа е нормална фаза која ви е потребна, со цел да се зближите со партнерот и се запознаете подобро. Но, одкога таа фаза ќе помине, доаѓа тестот за вистинска љубов, па вашата врска може да се распадне, а може и да се претвори во високо-квалитетна, долготрајна љубов.
Не го идеализирајте партнерот!
Тоа всушност најмногу зависи од вас, од тоа дали вие премногу сте го идеализирале партнерот, па сте престанале да го доживувате како реална личност – причина која носи големи последици врз текот на вашата врска. Ако премногу очекувате од него, а ги занемарите неговите недостатоци и маани, има опасност да се разочарате, особено одкако интензитетот на страста ќе се намали. Затоа, колку и да чувствувате дека тој е совршен во вашите очи, не дозволувајте очекувањата од него да ве надвладеат, за подоцна да излезете повредени. Напротив, бидете реални, запознајте го во секаков поглед, не ја занемарувајте ниедна црта од неговиот карактер, така ќе се зближите уште повеќе, па во него не само интимен партнер, ќе гледате и најдобар пријател. Тоа ќе ги преброди сите кризи кои ќе ве проследат во текот на врската, а вие ќе се чувствувате исполнети и пред се задоволни од партнерот. Така љубовта со сигурност ќе потрае. Изборот е ваш!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Се зависи од тоа колку далеку сте стигнале додека љубовта траела!

loading...