Што се 60.000 луѓе во Париз, а што во Скопје

Loading...

Се разбира дека здраворазумски мислечките луѓе не потпаднаа под лагите и манипулациите за „грандиозноста“ на митингот за промоција на Мицковски. Најголем дел како што самите се произнесува и наминале да видат дали ке има нешто спектакуларно, целосно со резерва знаејќи дека се досега немаше ниту една мисла и теза која ги штити македонските национални интереси од страна на Мицковски. И самите назначуваат дека кога тој почнал да зборува најголем дел почнале забрзано да се разбегуваат. Не ја купија драмата дека сега ќе го глуми Тачи со микрофон во раце насред публиката… Демек му е стало ептен за нив. Тезите си покажаа се. Кој што слушал знае.
Па затоа Иво мораше да лиферува бројки кои се астрономски и затоа денеска целата машинерија на ботови е насочена истите бројки да ги брани „до последна капка крв“ на социјалните мрежи. Нема отстапување од бројката 60.000 што мораше да се лиферува. 
Е па ајде да видиме една фотографија на 60 во Париз и нашата од Скопје. Се разбира ние ги почитуваме сите што беа синојка на митингот. Тоа се оние вистински членови на партијата кои се спремни да се жртвуваат за идеологијата на ВМРО. За жал нивната идеолошка состојба е добро проучена и се игра на нивните емоции. Но никогаш не се ништо повеќе од маса за протести. Сега луѓето се дома. И треба да чекаат до наредната година?

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...