Што ја убива желбата за секс?

Loading...

Во последно време не сте расположени за секс, а кога ќе се случи тоа, повеќе не уживате како порано. Најверојатно, ова се должи на една од овие причини.
Диета
Ако не јадете доволно и сте постојано гладни, се намалува и либидото. Помалку калории во организмот и намалувањето на енергетскиот внес, може да предизвика загуба на “апетит” и за тие работи.
Недостаток на спиење
Ако спиете помалку од пет часа дневно, постои намалување на секрецијата на машките сексуални хормони тестостерон, што доведува до намалени сексуални потреби. Недостатокот на спиење е исто така одговорен за намалување на женското либидо.
Контрацептивни пилули
Една студија спроведена пред две години го потврди сомневањето дека контрацептивните пилули ја намалува желбата за секс.
Прејадување
Ако имате тенденција да се прејадувате, после изобилството на храна, нема место за жешка игра во кревет. Имено внесувањето на намирници кои содржат премногу заситени масти директно влијае на помал проток на крв во половите органи.
Стрес
Дури 60 проценти од жените изјавиле дека нивниот замор и стрес се главните виновници за намалена потреба. Истата причина се припишува и на намалената сексуална желба кај мажите.
Депресија
Оваа ментална состојба сериозно влијае на либидото на лицето. Дури 70 отсто од испитаниците кои ја доживеале оваа состојба се изјасниле дека нивните депресија е виновна за намален интерес за секс, а утврдено е и дека некои од анти-депресивите може да бидат одговорни за сексуална дисфункција.
Анемија
Кај жените, анемијата може да биде виновник за помала потреба од секс. Решението лежи во зголемено внесување на железо во организмот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во последно време не сте расположени за секс, а кога ќе се случи тоа, повеќе не уживате како порано. Најверојатно, ова

loading...