Што ѝ носи Викторија на Македонија?

Loading...

На почетокот од следната недела силен циклон ќе погоди голем дел од регионот, но и Македонија.
Циклонот Викторија носи голем пад на температурите на воздухот, интензивни врнежи како и локално интензивни атмосферски процеси.


Викторија само периферно ќе ја зафати нашата држава со што во текот на следната недела има услови за локална и особено изолирана нестабилност, температурите на воздухот пак за разлика од регионот кај нас ќе бележат тенденција на помал пад или поточно некаде за 5 до 7 степени и веќе во деновите од следната недела максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.
Поради спуштање на значително посвежа воздушна маса од север на највисоките места и тоа особено на северен Балкан, но и на eвропските Алпи се очекува да падне и првиот снег оваа сезона.

loading...