Штрајкуваат вработените на три аеродроми во Германија

Вработените на три аеродроми во Германија – Диселдорф, Келн-Бон и Штудгарт денеска стапија во штрајк, барајќи зголемување на платата. Штарјкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија со кој се погодени 100.000 патници, а влијае и на другите аеродроми, како тој во Берлин, каде се откажани 90 летови.
Најголемиот германски Синдикат “Верд“и бара на вработените на контрола на патници, артикли, како и на аеродромскиот персонал, да им се зголеми сатницата на 20 евра.

Loading...