Шумахер префрлен во париската болница “Жорж Помпиду“

Нема информации за здравствената состојба на повеќекратниот шампион на “Формула 1“. Единствено што се знае е дека е префрлен на кардиохируршкото одделение на болницата “Жорж Помпиду” во Париз, каде би требало да се задржи до среда.
Михаел Шумахер, 50- годишниот легендарен возач на “Формула 1“ во понеделникот попладне беше примен во болницата “Жорж Помпиду“  на медицинска постапка чии детали сè уште не се официјално откриени, објави “Ле Парисиен“.
Шумахер не е виден во јавноста од скијачка несреќа која му се случи пред пет години. Тогаш се здоби со тешки повреди на главата, по што неколку месеци беше во индуцирана кома.
По двата претходни во текот на пролетта ова е трет пат како Шумахер престојува во болницата “Жорж Помпиду“, дознава “Ле Парисиен“.

 

Loading...