Ѓозлеме: Традиционален турски рецепт

Loading...

Ѓозлеме е турски леб со квасец кој може да биде направен со мелено месо, зеленчук, спанаќ, сирење или компир. Овој леб е секојдневна храна во Турција која може да се купи дури и на улица.
Тестото се прави со квасец, а може и без него. Ние денес ви споделуваме еден рецепт за ѓозлеме со спанаќ и сирење.
Ѓозлеме: Традиционален турски рецепт
Потребни состојки:
За тестото:
250 милилитри вода
7 г квасец
400 г брашно
2 лажици јогурт
малку сол
За филот:
400 г спанаќ
една глава ситно сечкан кромид
200 г фета сирење
100 г моцарела
1 лажичка лук во прав
малку чили


Начин на подготовка:
Измешајте го квасецот со топла вода и оставете го 3 до 5 минути за да се активира. Додадете ги останатите состојки во квасецот и мешајте околу 10 минути. Формирајте го тестото во топка и оставете да отстои. Оставете го додека не се зголеми двојно во големина.
Ситно исечкајте го спанаќот и сварете го. Потоа ставете го во сад со другите состојки, промешајте и оставете настрана. Поделете ја смесата на 6 еднакви делови.
Ставете го тестото на работна површина. Поделете го на 6 еднакви парчиња и направете топки. Земете една топка и формирајте тенок квадрат (25 цм), ставете го филот со спанаќ и распределете го рамномерно. Преклопете од сите четири страни.
Печете ги во загреана тава за 3 минути од секоја страна. Пред печење, премачкајте ги со малку масло.

loading...