Ѓоковиќ купи 80 отсто од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19

Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes.
Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19.
Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата.
Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ.
Тој истакна дека Квантиорес развива терапија, а не вакцина против коронавирусот. Компанијата развива пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка, а во текот на летото очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија, јави Бета.

Пронајдете не на следниве мрежи: