„Сакам да одам на Косово и Метохија со својата сопруга Јелена и таму да ги крстиме нашите деца, Стефан и Тара. Знам дека таа тема е многу чувствителна. Конфликтот и понатаму е присутен таму, не вооружен, но постои тензија. Не сакам да бидам вклучен во политика, но за секој Србин, Косово и Метохија се срце, во центарот на нашата култура, нашиот идентитет, традиција, религија…“, изјави Ѓоковиќ.
„Нема вакцина, нема влез“, напиша Чеку на својот Твитер, потсетувајќи на фактот дека српскиот тенисер не сакал да се вакцинира против корона вирусот, односно поради тоа морал да пропушти неколку важни турнири – Австралија Опен, УС Опен. , Синсинати, Мајами и Монтреал.