Ѓоковиќ со броевите на Брајант излезе на „Род Лејвер“ арена

Вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ во моментот игра меч против Милош Раониќ од четврфиналето на Австралија Опен, а Србинот влезе во низата славни спортисти кои му оддадоа почит на прерано загинатата кошаркарска легенда Коби Брајант.
Ѓоковиќ и Брајант беа одлични пријатели и смртта на легендата на Лејкерс, страшно го погоди Ноле, кој му оддаде почит со тоа што излезе на терен со броевите и иницијалите на „Црната мамба“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.