Ѓорѓија Пулевски

Loading...

Ѓорѓија Пулевски 1817 Галичник – 13 февруари 1893, Софија – македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.Ѓорѓија Пулевски 1817, Галичник -13февруари 1893, Софија – македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.
Роден во селото Галичник,од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора поволина на XIX век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.
Верувајќи дека со тоа се бори и за својата татковина, Пулевски најпрвин се вклучува како доброволец во ослободителните акции во настаните од 1862-1863 година кога, како наредник на понтонерска чета, се бори против турскиот гарнизон во Белград.Потоа, по избувнувањето на Српско-турската војна (1876) тој пак се вклучува како доброволец, на страната на српската војска.
Веќе во следната година започнува Руско-турската војна и Пулевски е одново со својата чета во редовите на авангардата на руската армија за време на ослободувањето на Бугарија.Со Одринското примирје и Санстефанскиот прелиминарен договор е прекинато заземањето и на Македонија.Но уште во следната година (1878) Пулевски пак активно учествува како војвода во Кресненското востание, ставајќи се директно во функција на борбата за слобода на македонскиот народ.
По неуспехот на македонското Кресненско востание и неговото заминување во Софија, во 1879 година Пулевски сепаратно ја публикува првата патриотско-политичка поема во нашата литературна историја Самовила Македонска, во која ги споменуваФилип Македонски и Александар Македонски како предци на денешните Македонци, кои 300 лета пред Христа ја повладале целата вселена[2].
Во неа е одразена идеологијата на македонските учесници во Македонското (Кресненско) востание. Во тоа време ја објавил и првата одделна стихозбирка на македонски јазик во македонската литературна историја Македонска песнарка (во две книшки). Стихозбирката содржи три лични и повеќе народни песни.Оваа збирка македонски народни песни била многу позитивно прифатена меѓу македонската емиграција во Бугарија. Константин Везенков бил воодушевен од патриотизмот на својот познаник Ѓорѓија Пулевски искажан во неговите авторски песни за Филип и Александар Македонски, па решил дел од нив да објави во весникот Марица.
Во следната 1880 година излегува од печат и Слогница речовска, којашто претставува прва публикувана граматика на македонскиот јазик. Во неа Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, креирајќи при тоа мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани.
 
Не помалку е значајна неговата културно-национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар. Негово првопечатено дело е Речник од четири јазика (или четиријазичник), објавено во Белград во 1873 година.Тоа е всушност петјазичник, бидејќи во колоната на српскиот јазик дава лексички материјал од двата блиски, но сепак различни јазика: македонскиот и српскиот.Втората објавена книга на Пулевски е Речник од три јазика (тријазичник), објавена исто така во Белград во 1875 г. Ова дело е особено значајно поради јасната концепција и отворено изнесената идеја за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет.
Како дел од активноста на Пулевски сред македонската емиграција во Софија е и формирањето наСловеномакедонската литературна дружина во 1888 година, под негово претседателство.Таа има особено значење како прва македонска литературна асоцијација воопшто и тоа е само уште еден доказ за неговата патриотска културна дејност и национално-политичка ориентација.Меѓутоа, посебно место во претставувањето на делото на Пулевски зазема неговата Славјанско-маќедонска општа историја, завршена во 1892 година непосредно пред неговата смрт. Дел од ова негово капитално дело беше објавено од Институтот за национална историја во 2005 година во Македонија со наслов „Македонска Александрида“ под редакција на академик Блаже Ристовски и проф. д-р Билјана Р. Јосифовска.Делото кое е објавено на оригиналниот пишан јазик – мијачкиот говор од Галичник и го опфаќа животот на Александар Македонски од неговото раѓање, походите во Египет и Индија се до неговата смрт.Не е за занемарување и неговиот обемен ракопис, насловен како Јазичница, завршен исто така во Софија, што претставува специфичен прирачник за изучување на македонскиот јазик.

Ѓорѓија Пулевски 1817, Галичник -13февруари 1893, Софија – македонски писател на кратки дела, лексикограф,

loading...
Loading...