Тренерот на Челси, Френк Лампард потврди дека Каи Хаверц има коронавирус и оди во самоизолација.
-Хаверц е позитивен на тестот за ковид-19 пред денешниот меч. Па е отстранет од составот и е во изолација по наредба на докторите. Тој ќе биде во изолација во наредниот период, а ние му посакуваме се најдобро, вели Лампард.
„Целиот состав беше тестиран, сите други имаат негативни случаи“.
Покрај вечерниот меч против Рен, Хаверц ќе го пропушти и дуелот на Челси против Шефилд јунајтед. Потоа следува пауза за репрезентации па ако нема дополнителни компликации тој би бил подготвен за следните предизвици на Челси.

Ѕвездата на Челси позитивен на коронавирус
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...