ЅВЕЗДА НА ТУРСКИТЕ СЕРИИ УНИШТЕН ОД БОЛКА – во терористичкиот напад во Истанбул загинале неговата сопруга и ќерка

Ѕвездата на турските серии e уништен од болка. Во нaпaдот што се случи вчера во Истанбул животот го загубија 6 лица, меѓу кои сопругата и ќерката на познатиот турски актер Нуретин Учар.

Во нaпaдот животот го загубија сопругата Арзу Озсој и нејзината ќерка Јагмур Учар. Недолго по нападот се дозна дека тие се сопруга и ќерка на познат актер, попознат на домашната публика по серијата „Ертугрул“.

ЅВЕЗДА НА ТУРСКИТЕ СЕРИИ УНИШТЕН ОД БОЛКА – во терористичкиот напад во Истанбул загинале неговата сопруга и ќерка

Актерот со скршено срце се прости од ќерката и сопругата преку социјалните мрежи, каде сподели фотографија од својата настрадана ќерка.

– Милост во грoбoт, почивај во мир, ќерко моја. Мојата ќерка, која го загуби животот во подмолниот нaпaд на Таксим, беше во Големата џамија „Шириневлер“ – напиша тој.

Оваа информација ја потврди турскиот продуцент и режисер, како и семеен пријател Мехмет Боздаг.

-Како резултат на предавничкиот бомбашки напад извршен од терористичка организација на улицата Таксим Истиклал, Арзу Озсој, скапоцената сопруга на Нуретин Учар, кој играше во серијата Дирили и Ертугрул. Господ да ја помилува сопругата, ќерката на нашиот актер.

Изразувам сочувство до нашиот колега и роднините на маченикот. Уште еднаш на повредените им посакувам брзо закрепнување. Сочувство до нашата нација – напиша актерот на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.