ЅВЕРСТВО: ЗАКЛАНИ ПОВЕЌЕ ОД 10 КОЊИ ЗА ХРАНА ЗА ЛАВОВИТЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Во скопската Зоолошка градина вчера се заклани 10 коњи, а месото од нив ќе се користи како храна за животните, пренесе Вистиномер.

Има ли бре луѓе пилот во авионот??

Директорот на ЗОО Скопје, Виктор Стаменов даде и свое објаснување за оваа ситуација, на која бурно реагираше јавноста во Македонија.

„Овие животни ни ги даде Агенцијата за одземен имот и станува збор за животни кои не се за употреба. Тие неколку што се здрави, можат да бидат експонат, но другите имаа рани и повреди. Ангажиравме посебно човек, кој ги усмрти животните, имаме таква законска можност. Ни дадоа 16 животни. Знам дека на никој не му е мило за ова, но ние имаме месојадни животни и штом ни се дадени, наше е да процениме дали можат да бидат изложбен експонат или не“, вели Стаменов за „Вистиномер“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.