Јава без проблем, но овој пат со викање, Лила се качи од „магаре на коњ“

Loading...

Лила Филиповска уште еднаш покажа и докажа, дека е вистински љубител на животните. И тоа од сите видови и врсти. И домашни и диви. И месојади и тревопасни. Впрочем, на сите им е добро познато дека Лила дома чува маче. Или поточно мачор… Рагнар! Разгален до бесвест, големиот бељаџија сепак е и голема „љубов“ на водителката, па колку и да ја „оплеска“ работата правејќи некоја пакост по дома, сепак Лила му простува, зашто не може да му одолее.
По теркот на некои други колешки од естрадно-телевизиската фела, Лила куче се’ уште не решила да земе да чува, што не значи дека не можете да ја видите со куче во скут или во прегратки… Ама само за на слика или поточно само за на реклами, преку кои македонската водителка ги споделува своите инфлуенсерски способности, како алатка за екстра надополнување на сопствениот буџет.

Дека од домашните животни само мачињата и кучињата не и се на дофат, Лила покажа неодамна, кога со колегата Зоки Фаци, кој патем е голем љубител на јавањето, се дружеше со малото магаренце или поточно магарица Тики.
Тогаш водителката потврди дека колку што таа ги сака животните, тие неа ја сакаат двојно повеќе, зашто Лила има чудна харизма, па секој што ќе го погали зад уши, добива желба да и ѕирне под фустан!
Деновиве Лила и Фаци одново се дружеа со прекрасните суштества од семејството копитари, со тоа што водителката реши и самата да си ги провери јавачките вештини. Коњичкиот клуб „Бравадос“ и манекенката и модел Цеце Орешкова беа нивни домаќини, а водителката реши да оди на „се или ништо“, по што се покажа дека сепак „по нешто“ и умее… Барем кога е јавањето во прашање, па уште во старт ја најави својата џокејеска дарба.
„Качи се моме на коња“… или поточно, качете ме вие, најпрвин бараше Лила, а набрзо потоа молеше да ја симнат. Како и да е, како за прв пат – добро е, а и напредокот е евидентен. Што би рекол народот: „Од магаре на коњ“!

 

View this post on Instagram

 

They say an elephant never forgets 🐘🐘🐘 . #elephant #love #zoo

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on


Но, како што споменавме на почетокот, Лила не ги сака само домашните животни, туку водителката дивите животни просто ги обожава. Доказ – селфито со тазе пристигнатите розови фламинга во скопската Зоо…
Или „безгрижните шепотења“ со лемурите на истата локација, некој метар понатаму.
Но, сепак, оние што најмногу и најдолго памтат се слоновите. Тоа и самата Лила го напишала во постот под споделената фотографија и видеото направени при најновата посета на водителката на Скопската зоолошка градина. А таму, нова средба на старите пријатели.
Малку дружење, троа муабет, и понекое подароче од Лила. Банана за утринска храна и зацврстување на довербата, но и освежување на меморијата од типот: „Да не се знаеме од некаде?“
Впрочем, како што самате рече: „Тие никогаш не забораваат“… Особено, ако нежно ги погалиш по сурлата! Толку суптилно, што на сурлата ќе им се исправат сите влакна, па ќе почувствуваш како нежно те боцкаат по твојата рака.
Но, не се само доброто хранење и нежното галење причина за слоновското сеќавање на Лила. Тие навистина никогаш не забораваат…
Особено, добро се сеќаваат кој се грижел за нивната лична хигиена, да го собере бербатот после потребата физиолошка, кога за прв пат пристигнаа во скопската зоолошка!

loading...