Јавна реакција и барање за извинување од ВМРО-ДПМНЕ за навредата кон Бошњаците од страна на пратеничката Серафимовска

На пленарната седница на 16.07.2022., пратеничката Велика Стојкова Серафимовска
во својата контра реплика кон пратеничката Санела Шкријељ меѓу другото кажа:
“… ќе добиете деца и младина и иднина со збунет идентитет, каков што е Вашиот
идентитет колешке, очигледно Вие сакате да имате наследници како Вие што сте во
моментов, и нашите поколенија и нашите генерации да не знаат што се, да не знаат
што се како вие што не знаете што сте.” (аплауз од пратеничката група на ВМРО
ДПМНЕ)
Согласно Деловникот за работа не беше во можност да се јави никој за реплика (ниту
јас, ниту Санела Шкријељ), но на овој начин сакаме јавно да реагираме и да го
осудиме навредливиот говор кон Бошњаците на пратеничката Велика Стојкова
Серафимовска која преку директно обраќање кон пратеничката Шкријељ го покажа
својот став кон Бошњаците!
Не чувствуваме потреба никому да докажуваме кои сме и што сме, и нема да ја
повикаме пратеничката да се извини, таа го кажа своето за што доби и апалуз од
пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, но упатуваме јавна реакција и барање до
партијата ВМРО ДПМНЕ да се извини и да се огради од кажаното доколку има
демократски капацитет и го почитува Уставот и законите на Република Северна
Македонија. Искрено веруваме дека говорот на пратеничката Серафимовска не е
ваш партиски став бидејќи во минатото сте покажале дека Република Северна
Македонија е заедничка држава на сите граѓани без оглед на етничката припадност.
Како што кажавме ние Бошњаците добро знаеме кои сме и што сме, но согласно
Вашата реакција ќе биде и реакцијата и односот на Бошњаците кон партијата ВМРО
ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.