„ЈАВНА СОБА“ ВЛЕЗЕ ВО СУДНИЦА

Loading...

Со забелешки на одбраната дека ги нема сите докази кај себе денеска во Кривичниот суд Скопје започна судењето за случајот „Јавна соба“.
Во воедните зборови обвинителството најави дека ќе докаже дека двајцата обвинети креатори и администратори на групата со умисла дозволиле членовите на групата да споделуваат аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.
Затоа и двајцата се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.
„Обвинителството ќе докаже дека умислено и свесно обвинетите, како администор и креаторт ја инсталирале апликација Телеграм и формирале група „Јавна соба“. Ќе докажеме дека во групата е споделен аудиовизуелен материјал со полови дејствија со деца. Ќе докажеме дека директно е загрозен половиот морал и дека е загрозена детската слобода и заштита на физичкиот и менталниот идентитет и дигнитет на детето.“ – велат од Основно јавно обвинителство Скопје.
Одбраната пак тврди дека обвинителството нема ниту еден крунски доказ со кој ќе го потврди обвинението.
Иванка Јакимовска адвокатка на второобвинетиот рече дека ова е исклучително чувствителен случај и дека ако и имало вина тогаш таа треба да се бара не кај двајцата обвинети туку на друго место.
На крајот на денешното судење одбраната побара укинување на притворот и изрекување на домашен притвор или јавување во судот, од повеќе семејни и здравствени причини, но судот го одби ваквото барање со образложение дека кривичниот совет на скопскиот основен суд ќе решава по тоа прашање.
Според обвинението, во периодот од 19 декември 2019 година до 28 јануари 2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани, како што пишува во обвинението, очигледни полови дејствија со дете.

loading...