Јагнешка чорба

Loading...

1/2 кг црн јагнешки дроб
1/2 кг бел јагнешки дроб
1 зеленчукова коцка за супа
3 тврдо варени јајца
2 жолчки
3 лажици кисела павлака
сок од 1/2 лимон
1 лажица сув зачин
1 ловоров лист
сечкан магдонос
сол и мелен црн пипер
Двата вида на дроб се налеваат со вода и се ставаат на оган да зоврие.
Првата вода се фрла, па се налева чиста вода и се става да се вари.(Може да им смените уште една вода.) Во водата се додава зеленчуковата коцка, сол и ловоров лист.
Кога е варен дробот, се вади од водата и дел од дробот се сечка на покрупни парчиња, а дел се меле на машина за месо мелење или ситно се сечка. Се враќаат во водата.
И варените јајца се мелат или многу ситно се сечкаат, се додаваат во водата и се вари се заедно уште околу 15 минути.
Со виљушка се матат жолчките, се додава киселата павлака и сокот од лимон и се убаво се соединува-изедначува. Тенџерето се трга од оган и во зовриената чорба наеднаш се додава смесата со жолчки, со постојано, енергично мешање. Се враќа тенџерето на умерен оган, и се додаваат сувиот зачин, црн пипер и магдонос. Откако чорбата ќе ја добие потребната густина се трга од оган.

loading...