Јадете повеќе и слабејте – Волуметриска диета за трајно губење на килограмите

Loading...

Јадете повеќе, не чувствувате глад и губите тежина? Звучи навистина нереално, но според овој принцип функционира т.н. волуметриска диета (Volumetrics diet), прогласена за втората најпопуларна диета во светот.
Експертите посочуваат дека непријатното чувство на глад е главниот виновник зошто не успеваме со диетите. Но, изгледа оваа диета го има решението.
Ова е режим на исхрана изработен во 2000 година, од страна на нутриционистот Барбара Ролс. Главната карактеристика на оваа диета е да јадете повеќе, а не помалку.
Основниот принцип на кој се базира оваа диета е постигнување на долгорочно чувство на ситост. Ова е можно со внесување повеќе храна, но под услов да има ниска енергетска густина.
Имено, колку е помала енергетската густина на храната, толку е помал бројот на калории. Затоа, дозволени се пообилни оброци, без страв од зголемување на телесната тежина.


Храната што можете да ја консумирате вклучува овошје, зеленчук, пилешко, мешунки и јаткасти плодови, риба, житарици богати со хранливи влакна…
Со оваа диета внесувате значително помалку маснотии, а повеќе растителни влакна. Со обилните оброци и чувството на ситост килограмите навистина се топат, и тоа без несаканиот јо-јо ефект.
Волуметриската диета дозволува пообилни оброци, па, на пример, можете да изедете пет полни чинии зеленчук на ден – во форма на салати или чорби.
Исто така, се препорачува консумирање пијалаци без калории, како и редовно вежбање. Треба да се нагласи дека не секоја калорична храна е лоша. Сепак, калориите се неопходни за работата на организмот.
Оваа диета не делува преку ноќ, но е ефикасна на долгорочен план. Не само што волуметриската диета води до слабеење, туку е добра и за здравјето, особено за срцето и крвните садови.
Нутриционистите посочуваат дека волуметриската диета не е класична рестриктивна диета, туку е промена во навиките за јадење, што го спречува и враќањето на несаканите килограми.

loading...