Јадењето риба може да го заштити мозокот од загадениот воздух

Loading...

Според една неодамна објавена студија во научното списание Neurology, повозрасните жени кои јадат печена (во рерна или тава) или конзервирана риба, неколку пати неделно, можно е да внесуваат омега 3 масни киселини во количества кои би биле доволни за намалување на штетното дејство на загадениот воздух врз мозокот. Овие податоци се особено интересни за нас, бидејќи во зимскиот период живееме токму во ваква средина.
Истражувачите испитувале повозрасни жени кои живеат во региони со загаден воздух. По анализите, евидентно било дека волонтерките со утврдени најниски нивоа на омега 3 масни киселини во крвта, имале и најголемо атрофирање на мозокот или поголема загуба на мозочните клетки – неврони, во споредба со оние со повисоки омега 3 крвни нивоа.
Зошто токму омега 3 масните киселини се причината?
Рибата е одличен извор на омега 3 масните киселини и е лесна за додавање во исхраната.
Овој тип на масни киселини има антивоспалително дејство, го заштитува мозокот од оксидативно оштетување и на тој начин ја одржува постојана неговата структура со текот на стареењето.
Дополнително, омега 3 масните киселини можат да го заштитат мозокот и од невротоксините, како што се оловото и живата. Токму овој факт ги поттикнал научниците од споменатата студија да истражуваат во насока – Дали омега 3 киселините можат да придонесат и за заштитно дејство на мозокот од некои други невротоксини, како оние кои можат да се најдат во загадениот воздух, на пример?


Нешто повеќе околу студијата
Студијата вклучувала 1.315 жени, со просечна возраст од 70 години, без дијгностицирана деменција пред почетокот на истражувањето. Испитаничките пополнувале прашалници во врска со нивната исхрана, физичка активност и медицинска историја.
Fibro Gel
Истражувачкиот тим ги употребил податоците од прашалниците за пресметување на просечното количество риба кое една испитаничка го консумира секоја недела, вклучително печена риба (во рерна или директно на тава, со малку масло), конзервирана туна, различни туна салати итн. Пржената риба не била вклучена, бидејќи според истражувањата, пржењето како начин на приготвување значително ги оштетува омега 3 масните киселини.
Потоа, правени биле крвни тестови на сите испитанички. Мерено било нивото на омега 3 масни киселини во црвените крвни клетки и потоа врз основа на тоа, жените биле поделени во четири групи или категории.

loading...