Јанакиески и Божиновски сабајлево во притвор во Шутка

Потврдено е дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се однесени во притвор по барање на СЈО. Ваква одлука донесе Кривичниот суд по последните настани со бегството на Груевски.
Специјалната обвинителка Катица Јанева во гостување на 1ТВ  потенцираше дека досега од обвинителството не биле барани притвори за двајцата затоа што тие ги почитувале мерките за претпазливост.
Двајцата се под истрага за случајот „Талир“, а се обвинети и во неколку други случаи за кои се водат судски процеси меѓу кои и „Титаник“ за кој што денеска е закажано рочиште во 9.30 часот.