Јанакиески, Ристовски, Бришковска, Божиновски и Чавков давале наредби за 27априлскиот упад?

Нинџа ги разоткри функционерите кои ги давале наредбите за упадот во собранието на 27 април лани. Според него посочените биле на осмиот спрат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и секој имал свое задолжение.
Тој влегол таму и се случило следново: – седнав на една маса, како што се движеше народот така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски биле на линија со Бетмен Велит.
Кирил Божиновски пак ги викал сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.
– Бришковска кажала дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, и потоа од неа дошло до повик до Трајко Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – изјави Нинџа денеска во судницата.

Loading...