Јанева со полициска придружба заминала на погреб на нејзината мајка

 

Изутринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје специјалната јавна обвинителка Катица Јанева заминала во Гевгелија на погреб на нејзината мајка, потврди за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ.
Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
Таа доцна синоќа од Кривичен суд со полициско комбе беше спроведена во истражниот затвор „Скопје“, но сепак и е дозволено денеска да замине за Гевгелија, каде под полициска придружба ќе присустува на погребот на нејзината мајка, која почина вчера изутрината по долго боледување.

Loading...