Јапонија планира повторно да ја зголеми прогнозата за раст

Loading...

Јапонската влада веројатно во текот на месецот ќе ја зголеми прогнозата за изгледите на економија, втор месец по ред, благодарение на подобрената лична и корпоративна потрошувачка, јавија во вторникот влијателни јапонски медиуми.Закрепнувањето се потпира на слабиот јен и на повисоките цени на акциите, а делумно е поттикнат од очекувањата за агресивна фискална и монетарна политика на премиерот Шинзо Абе, пишува весникот Yomiuri.Минатиот месец Јапонија ја зголеми прогнозата за економијата прв пат за осум месеци, при што беше истакнато дека се појавиле знаци на закрепнување во некои подрачја.Владата во вторникот извести дека водечкиот показател на јапонската економија во декември забележа значителен пораст, на 93,4 поени, од надолу ревидираните 92 поени во ноември. Најновиот податок е во согласност со прелиминарните проценки.Притоа индексот со кој се мери моментната ситуација во економијата се искачи во декември на 92,6 поени, од 90,2 поени во претходниот месец, додека индексот кој ги мери изминатите економски активности порасна од 86,4 на 87 поени.
МакфаксЈапонската влада веројатно во текот на месецот ќе ја зголеми прогнозата за изгледите на економија, втор месец по

loading...
Loading...