Јапонскиот премиер Абе во посета на Русија

Loading...

Јапонскиот премиер Шинзо Абе допатува во неделата навечер во прва посета на еден јапонски претседател на влада на Русија во последните десет години, каде што покрај другото со своите домаќини ќе разговара и за деценискиот територијален спор меѓу двете држави околу Курилските острови.

 
Премиерот Шинзо Абе во Кремљ ќе биде примен од рускиот претседател Владимир Путин. „Во текот на посетата би сакал да успееме да се усогласиме околу повторното покренување на преговорите за потпишување на мировниот договор”, изјави Абе за руската агенција Итар-Тас пред полетувањето за Москва алудирајќи на несогласувањето околу Курилските острови.
Абе изјави и дека се надева оти неговата посета на Русија којашто ќе трае до вторник, ќе даде нов поттик за развој на долгорочните руско-јапонски односи.
Според соопштението на Кремљ на коешто се повикува агенцијата РИА Новости, за време на разговорите „на високо ниво во понеделник ќе биде разговарано за перспективите на целиот комплекс од билатералната соработка”, особено во сферите на трговијата, инвестициите, енергетиката, хуманитарната и научни-техничките области.
„Се очекува дека ќе има и темелна размена на мислења за актуелните прашања од меѓународната агенда и ситуацијата на Корејскиот полуостров”, се додава во соопштението од кабинетот на рускиот претседател.
Москва и Токио се спорат околу надлежноста врз четирите острови од архипелагот Јужни Курили кои Советскиот сојуз ги припоил кон крајот на Втората светска војна. Од тогаш овој спор го спречува потпишувањето на конечниот мировен договор.
Во ноември 2010 година сегашниот руски премиер а тогашен претседател Дмитриј Медведев ги разгневи Јапонците кога го посети овој архипелаг, што тогашниот јапонски премиер Наото Кан го нарече „навреда за којашто нема простување”.
 
Кон крајот на ланскиот декември, јапонскиот премиер Шинзо Абе и рускиот претседател Владимир Путин договорија придвижување на преговори за потпишување мировен договор. Во телефонскиот разговор меѓу двајцата челници, Абе ја прифати поканата да ја посети Русија во текот на 2013 година којашто се остварува сега.
Maкфакс
Јапонскиот премиер Шинзо Абе допатува во неделата навечер во прва посета на еден јапонски претседател на влада на Русија во

loading...
Loading...