Јапонски палачинки

Loading...

Во Јапонија овие палачинки се омилен појадок. Доколку сакате да пробате нов рецепт за палачинки, пробајте со овие кои потсетуваат на американските, но се двојно подебели додека тестото е помеко.
Нема да им одолеете доколку ги јадете со крем или овошје.
Потребни состојки:
-3 лажици брашно
-1/4 лажичка прашок за пециво
-1 лажица млеко
-1/4 лажичка екстракт од ванила
-2 јајца
-2 лажици шеќер
Начин на подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките, па во жолчките додадете ги брашното, прашокот за пециво, екстрактот од ванила и млекото. Добро измешајте.
Белките изматете ги со миксер, па додадете го шеќерот и повторно изматете. Потоа во белките додадете ја смесата од жолчките и убаво измешајте. Смесата ставете ја во готварски шприц па стиснете од тестот во загреана и подмачкана тава за палачинки. Може да ставате и со црпалка.
Кога ќе ставите од смесата поклопете со капак и печете неколку минути, па свртете ја палачинката на другата страна.

loading...
Loading...