Јапонски рибарски брод 15 месеци по цунамито доплови до Калифорнија

Loading...

Јапонски рибарски брод кој плутал 15 месеци по Тихиот Океан по цунамито што ја погоди Јапонија во март 2011 година, идентификуван е како првите остатоци кои стигнале до калифорнискиот брег, објавија во петокот локалните власти.Пловилото долго околу седум метри откриено е пред неколку дена во Крескент Сити на северот од Калифорнија. Бродот му припаѓал на училиштето Таката од градот Рикузентакате, во префектурата Ивате.Јапонскиот конзулат во Сан Франциско и’ помогнал на Американската национална агенција за океанографија да го потврди потеклото на бродот.Станува збор за 27-ми остатоци откриени досега на американскиот западен брег, прва пронајдена во Клифорнија. Претходните се пронајдени повеќе на север, во Аласка и Орегон.Кон половината на март Јапонија значително се зголеми процената на количеството остатоци по катастрофалниот земјотрес и цунамито од март 2011 година кои би требало да допловат до брегот на Северна Америка до октомври годинава. Станува збор за вкупно 221 илјади тони.
МакфаксЈапонски рибарски брод кој плутал 15 месеци по Тихиот Океан по цунамито што ја погоди Јапонија во март 2011 година, ид

loading...
Loading...