Јатко Тодев е Македонецот кој се родил во авион и добил доживотно бесплатни билети

Loading...


Јатко раскажува дека папочната врвца ја пресекле со ножици, а ја дезинфицирале со виски. Кум бил пилотот, кој управувал со авионот. Јатко го добил името во чест на авиокомпанијата ЈАТ, сега позната како Ер Србија.
Јатко е единствениот човек во светот каде што во местото на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI. Иако добил можност бесплатно да лета до било која дестинација во светот, Јатко ниту еднаш не го искоритил овој подарок. Тој сега со семејството живее во Австралија.

loading...