Јафа колачот е апсолутен хит на интернет: Брзо се припрема, а состојките ги имате дома

Loading...

Аматерската готвачка Ванеса Касиди споделила рецепт за голем Јафа кекс на социјалните мрежи, кој брзо стана хит.
Ванеса, својот рецепт го споделила во Фејсбук групата “Rate My Plate”, а многумина се јавиле и напишале дека тој има одличен вкус и брзо се припрема.
Сè што ви треба за овој колач е по 100 грама путер, шеќер и брашно, две јајца, една лажица прашок за пециво, желе од портокал и една чоколада за готвење или темна чоколада.
Ако сакате сами да направите желе од портокал ќе ви треба 5 грама желатин во листови, два портокали, лажица шеќер и лажица цимет.


Најпрвин изматете ги јајцата, путерот, шеќерот, брашното и прашокот за пециво, а добиеното тесто ставете го во кружен калап и печете на 180 Целзиусови степени од 7 до 9 минути, односно додека не добие златножолта боја и не биде меко на допир. Извадете го од рерна и оставете да се излади.
Желето од портокал можете да го направите сами така што во сад со ладна вода ќе го потопите желатинот. Во меѓувреме, во процедениот сок од два портокали додајте лажица шеќер и цимет и ставете на тивок оган да зоврие. Гответе 5 минути. Откако ќе го тргнете од оган, во садот додадете ги листовите желатин, добро промешајте и оставете да се излади.
На средина од тестото ставете го желето, а рабовите нека останат празни.
Стопете ја чоколадата за готвење и со неа прелијте ја целата торта. Оставете да се излади, па сервирајте.

loading...