Јајца во тост со шунка и зеленчук

Loading...

Доколку сте љубител на јајца за доручек, овој рецепт ќе Ве воодушеви. Брз, едноставен и нема да Ви се потребни повеќе од неколку минути за подготовка.
Ова е една интересна варијанта од она што го јадете за доручек, а сите намирници веројатно ги имате во фрижидерот. Не се сомневаме дека ќе ги воодушевите сите дома, особено децата. Рецептот е брз и едноставен па неколку минути се доволно за подготовка.
Состојки:
– 4 парчиња леб
– 3 јајца
– праз
– зелечук по желба (пиперка, домати или печурки)
– сирење
– шунка или сланина
Подготовка:
Со нож внимателно исечете ја средината на лебот и чувајте ја на страна. Земете голема чинија и во неа измешајте ги јајцата, исечканиот праз, зеленчукот и шунката и потоа додадете зачини по желба. Потоа загрејте ја тавата, додадете масло и ставете го лебот во тавата.

Во празнината од лебот ставете ја смесата. Почекајте минута и празнината затворете ја со делот од лебот кој го исековте. Свртете на другата страна за да се испече и ставете му изрендано сирење. И тоа е тоа, добар апетит!

loading...