Ја менува оваа одлука од корен: Короната и донесе голема промена на Цеца ова лето, за неа таму веќе нема место

Loading...

Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ ова лето за прв пат по долго време ќе направи голема промена во нејзината навика да летува надвор од земјата, особено на Кипар.
Имено пејачката вообичаено секое лето ужива во својот приватен рај составен од вила со сопствена црква на Кипар, но годинава наместо тоа таа ќе остане дома.


Коронавирусот со кој се зарази таа и нејзиниот син Вељко буквално им ги смени животите од корен и ги натера да бидат повнимателни во однос на живеењето на нормалниот живот, па така пејачката реши оваа година да остане дома.
Според српските медиуми исто така поради новиот член во семејството Цеца не сака да ризикува летување во Кипар, па оваа година ќе му се посвети на семејството и домот.

loading...