Ја навредувале и отфрлале, а сега ѝ се воодушевуваат: Луѓето без здив гледале во славната манекенка

Loading...

26-годишната манекенка Вини Харлоу била фотографирана во текот на пристигнувањето на една роденденска забава во Лос Анџелес во заносно издание.
Имено, папараците ја следат убавата манекенка каде и да се наоѓа, а во текот на последното вечерно излегување тие ја фотографирале додека излегувала од луксузниот автомобил.
Вини заблескала во свечен бел фустан со сребрен горен дел, а шлицот на фустанот бил толку висок што ги истакнувал нејзините долги нозе и обликуваниот задник.
Манекенката на рацете носела накит во облик на сребрени „ракави“ додека целиот стајлинг го надополнила со дијамантски обетки и прекрасни сребрени сандали.


Вини која е родена 1994 година во Торонто, на 4-годишна возраст ѝ било дијагностицирано заболување на кожата наречено витилиго. Поради ова заболување, соучениците постојано ја навредувале, по што често морала да ги менува училиштата. Дури во еден момент сакала и да се самоубие.


Меѓутоа, нејзиниот живот преку ноќ се сменил на подобро. Таа во 2014 година била откриена од страна на манекенката Тајра Бенкс преку Инстаграм, а оттогаш нејзината кариера оди во нагорна линија.

loading...
Loading...