Ја прашале дали се гледа себеси како кралица, а дала БИЗАРЕН ОДГОВОР: Принцезата Дијана открила строго чувана тајна

Лејди Ди во едно интервју раскажала детаљи што строго се криеја од јавноста.

Еве како Дијана гледаше на својата позиција во рамките на кралското семејство:

Би сакала да бидам во срцата на луѓето, но не се гледам себеси како кралица на оваа земја. Мислам дека многу луѓе не ме гледаат како кралица, кога велам многу, мислам на кралското семејство, бидејќи тие одлучија дека немам шанси да успеам. Ги гледам работите поинаку, не играм по правила, ги правам работите со срце, а не со глава, иако тоа ме доведе во неволја – изјави Дијана.
Ја прашале дали се гледа себеси како кралица, а дала БИЗАРЕН ОДГОВОР: Принцезата Дијана открила строго чувана тајна

Како што е веќе познато, принцезата Дијана не беше миленик на британскиот двор. По трагичната смрт се пишува дека Чарлс бил загрижен само за својот углед во монархијата, додека кралицата Елизабета Втора долго молчела за сообраќајната несреќа во која Дијана го загубила животот.

Во едно од интервјуата, принцезата Дијана беше прашана дали се гледа себеси како кралица на британскиот двор, на што таа одговори негативно.

Би сакала да бидам во срцата на луѓето, но не се гледам себеси како кралица на оваа земја. Мислам дека многу луѓе не ме гледаат како кралица, кога велам многу, мислам на кралското семејство, бидејќи тие одлучија дека немам шанси да успеам. Ги гледам работите поинаку, не играм по правила, ги правам работите со срце, а не со глава, иако тоа ме доведе во неволја – изјави Дијана.

Она што е многу бизарно е фактот што слична ситуација со неприфаќање има и сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.

Да потсетиме, пред 41 година се венчаа принцезата Дијана и принцот Чарлс, односно кралот Чарлс III. Свадбата на векот беше еден од најгледаните настани во историјата, емитувана во 74 земји, со 750 милиони гледачи. Тие се венчаа во катедралата Св. Пол во Лондон.

Сепак, ништо не било идеално во нивниот брак. Долго време се шпекулираше дека принцот Чарлс бил во врска со Камила Паркер додека беше во брак со Лејди Дијана, а на крајот на 1992 година медиумите објавија транскрипти од тајните разговори на Чарлс со Камила, што беше конкретен доказ дека бракот на миленикот на нацијата се распаѓаше.

Чарлс се заљубил во Камила во 1970-тите. Го чекала со децении и поради него го трпела презирот и осудата на Британците и светот, а потоа конечно се венчале во 2005 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.